ФОТО: Поранешен македонски репрезентативец честита со знаме од Голема Албанија

Албанците ја остварија потребната победа во Ерменија и за прв пат во својата историја ќе играат на ЕП, а Неџипи, кој моментално ги брани боите на Фљамуртари реши на „фејсбук“ да истакне знаме на Голема Албанија, веднаш до Ајфеловата кула во Париз, пишува Спортмедиа.мк.

zname.jpg-500

Ова е скандалозен потег на Неџипи, затоа што тој ги има брането боите на оваа држава на фудбалски план, а мапата на Голема Албанија има опфатено и територија од Македонија, земја каде што тој е роден.

Фудбалерот кој има 31 година има настапувано за сениорскиот тим на Македонија, како и за сите младински селекции од 17 па сѐ до 21 година.