Магазин

ФОТО: Поранешната старлета стана шведска принцеза

ФОТО: Поранешната старлета стана шведска принцеза

Во Шведка во тек е бајката на 21-иот век. Поранешната учесничка во реалити шоу, старлета и келнерка Софија Хелквст која потекнува од семејство од средната класа ќе се омажи на 13-ти јуни за шведскиот принц Карл Филип, кој и нема некакви претензии за тронот.

Бурното минато на новата принцеза, кое вклучува и разголени фотографии за магазин за мажи, не претставува проблем за дворецот, но според пишувањата на медиумите кралското семејство од неа барало да ги звади тетоважите.

starleta_1

Во ЕУ, уште во седум земји има кралски дворци. Карл Филип, војводата од Вермленд е најмлад син на Карло XVI Густаф и само што наполни 36 години. Тој нема претензии за тронот и трет во линијата наследници, по сестра му Викторија и братучедка му Естела.

Софија Хелквест има 30 години. Таа е секогаш насмеана, а пораснала во семејство од средна класа, заедно со двете сестри во мало гратче во внатрешноста на земјата.

Откако беше откриена нивната врска, во 2010-тата година, шведските медиуми посветија големи внимание на нејзиното минато, а меѓу останатото и на кариерата на модел за костими за капење.

starleta_2

– За ништо не жалам. Сите тие искуства ме обликуваа во жената каква што сум денес, вели таа, но додава дека сепак „нема никаков сомнеж дека тоа денес не би го направила“.

Кога почнала да живее со принцот Софија водела невладина организација за сиромашни деца кои потекнуваат од ЈАР, која таа самата ја основала во 2010-тата година откако волонтирала во повеќе африкански земји.

Овој март таа ја напушти службата за да се посвети на улогата на принцеза.