ФОТО: Порно актери, транссексуалци, луѓе од подземјето – кој се кампува пред влада?

Порно актери, транссексуалци,  членови на ЛГБТ заедницата, вработени во општинските администрации под контрола на СДСМ, директори на јавни претпријатија, луѓе од подземјето со кривични дела зад себе.

Ова се луѓето кои што може да се забележат во и покрај шаторите на СДСМ пред Владата на Република Македонија. Многу алкохол, забави до утринските часови е сликата во кампот пред Владата, пишува порталот „Курир“.

Македонски порно актер гушнат со Радмила Шекеринска пред владата дал поддршка на протестот на опозицијата, гордо објавија опозициските портали.

draguspaga-405x540

Меѓу шаторите на СДСМ се вее и знамето виножито на ЛГБТ заедницата, во која се здружени лезбејки, хомосексуалци, бисексуалци и трансексуалци.

zname-lgbt

Еден таков даде и изјава пред Владата и притоа се жалеше дека е отфрлен од заедницата и дека неговите деца не сакале да го видат, а за тоа ја обвини владата.

Андреа од Тетово облечен како жена се жалеше дека е обесправен и децата не сакаат да го видат, а за тоа криви биле и социјалните служби кои и покрај противењето на децата тие морале да обезбедат повеќе време со нивниот такто трансексуалец. Инаку на овој собир пред Владата поддршка даде и Ерван Фуере, кој денес  пренесе искуство  дека Ирците ќе гласаат за истополови бракови, кога ќе гласале Македонците за тоа?

andreja

Меѓу присутните во работно време може да се забележат и административци од општините Струмица и Општина Центар. Иако платени да ги решаваат проблемите на граѓаните тие наместо во канцеларија лежат под некоја од дебелите сенки пред владата.

Па така, меѓу присутните секојдневно е и директорот на паркинзи Центар Саша Богдановиќ  кој наместо да се грижи за сообраќајниот метеж кој е основен проблем на Центар, тој протестира пред владата на раскрсницата која е 24 часа блокирана за граѓаните. Тој редовно објавува фотогалерии од протестите на сајтот Центар њуз за кој „Медиа педиа“ тврди дека е во негова сопственост. Таму тој се фали дека познати фаци го посетуваат кампот и секако меѓу фотографиите се вбројува и тој самиот.

poznati

bogf

Исто како и Саша Богдановиќ присуствуваат и протестираат и Жарко Пачемски од кабинетот на Андреј Жерновски како и поранешната новинарка од А1 а сегашен портпарол Катерина Цаневска.

Покрај Заев за кого струмичани велат дека воопшто не се врти во Струмица постојано присутна во Скопје е и  општинската администрација на Струмица. Па така луѓе кои преноќуваат и постојано се присутни се Круме Смилков од чиј профил се гледа дека е вработен во општина Струмица, но и во исто време платен протестант пред влада, истиот случај е и со Љупка Цветкова која е вработена во општината Струмица и важи за блиска до братучедите и браќата Заеви, а која протестира пред владата и преноќува.

kamp

krume

jupka

cvetkova

Меѓу присутните има и осуденици и криминалци од скопското подземје кои стоеја рамо до рамо со Заев на протестот пред Влада, како и многу алкохол. Харун Хаџибулиќ беше осуден за насилство.

Тој учествуваше во помагање во убиството на Мирсад Криешторац кај Универзална сала во Скопје во 2010 година. Во истиот случај Јасмин Лесковица доби 12 години затвор како директен извршител на убиството.

leskovica