ФОТО: Портоклов снег падна во рускиот град Саратов

Жителите на рускиот град Саратов станаа сведоци на необична појава – во градот падна портокалов снег.

Од центарот за хидрометеорологија и мониторинг на животната средина го објасниле  настанот со минувањето на циклон од Западна Сахара над регионот.

„Воздушната маса ни дојде од Северна Африка преку Средоземното и Црното море. Воздушната маса од Сахара, полна со прав, откако примила еден дел песок и влага, сега паѓа на европскиот дел од нашата земја и Кримскиот полуостров. А таквата необична боја му ја дава обичниот песок“, соопшти раководителот на регионалната метеоролошка служба Михаил Болтухин.

Според метеоролозите, портокаловиот снег не претставува никаква опасност – жолто-портокаловиот снег нема да му наштети ни на човекот, ни на животните. „Апсолутно нема потреба од страв. Не паднаа камења“, прецизираше Болтухин.

Извор: Руска реч