ФОТО: Посетил 107 земји за 4 години

Русинот Јасик Смирноф (21) себе си се нарекува “Лудиот Русин”, а кога ќе видите каде бил и што се правел, ќе ви стане јасно и зошто.

Откако многу млад се развел, Јасик одлучил да патува и да истражува. Во последните четири години посетил 107 земји, повеќе авантуристички отколку туристички.

Овој авантурист во Етиопија пливал во езеро полно со крокодили, шетал по вулкани и пиел животинска крв со тамошните племиња.

“Патувањето не значи само одење од едно на друго место. Тоа не подразбира географска посета на нови локации, туку шанса да се испробате во она што го прави локалното население”, вели Смирноф.

“Тоа може да значи дека некое време живеете како будистичките монаси на Тибет или се пробувате во борба со бикови во Мексико”, објаснува тој.

Смирноф до својата 15-та година живеел во Сибир, а потоа се преселил во Хонг Конг за да се образува, во меѓувреме се оженил и започнал сопствен бизнис. Имал 18 години кога се развел, а потоа одлучил себе си да си дозволи нови искуства ширум светот.

Со оглед на неговиот авантуристички дух, јасно е дека Јасик се наоѓал во најразлични ситуации. “Се изгубив во Гоба пустината во Монголија, без вода, храна и било каква навигација. Одев два дена без престан”, опишува Смирноф една од потешките ситуации со кој се соочил. “За среќа, еден човек ме пронајде, мислам дека тоа беше Божје волја”.

Две од четири години како што патува, лудиот Русин ги поминал живеејќи во разни племиња. Ги посетил руралните области во Гватемала, каде локалците го научиле да ткае, а тоа е само еден од занаетите и работите кои ги испробал.

Една од неговите најлуди авантури било искачувањето на активниот вулкан Пакаја, со тимот вулканолози. Овој млад истражувач паднал во кратерот, и поради тоа поминал два дена во болница.

Смирноф на планините во Кавказ чувал 200 овци, во Мексико се борел против бикови, а потоа се грижел за коњите на еден ранч. Во Етиопија поминал 10 дена со племето Боди, и не знаејќи, запливал во езеро полно со крокодили. Уште пострашно од тоа е, како што вели Јасик, било кога припадниците на едно племе му дале да пие свежа кравја крв.

a

a1

a2

a3

a4

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.