Македонија

ФОТО: Поскапувањето на горивата направи гужва на бензинските

ФОТО: Поскапувањето на горивата направи гужва на бензинските

Поскапувањето на горивата кое е најавено за од ноќеска по полноќ денеска создаде долго колони автомобили на бензинските пумпи.

Од утре бензините ќе поскапат за 3,5 денари, а дизелот за 2,5 денари по литар, одлучи регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3 денари по литар и ќе изнесува 62,00 денари за литар

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 3,50 денари по литар и ќе се точи за 64,00 денари.

Attachment 2

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 денари и еден литар ќе се продава за 51,00 денар.

Малопродажната цена на Екстра  лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 денари за литар во однос на цената утврдена со Одлуката од 26.01.2015 година и со тоа цената на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,50 денари за литар.