ФОТО: Последен поздрав за Кемал Монтено

Бројните колеги, роднини и пријатели денеска во Загреб се простија со сараевскиот пејач, Кемал Монтено.

-Се уште е тешко да се поверува дека повеќе не е со нас. Не постои човек кој не го сакаше – реле Владо Калембер (61).

Музичарот почина на 21. јануари на возраст од 67 години откако добил сепса. Месец дена претходно му трансплантирале бубрег. Многу се радувал на операцијата бидејќи 3 години одел на дијализа.

На испраќањето имало околу 1000 луѓе. Сите чекореле во тишина со наведнати глави, а не се труделе да ги сокријат солзите. Раде Шербеџија (68) читал песна, а гласот цело време му треперел. Од Кемал се простил и неговиот најдобар пријател Младен Грдовиќ (50).

– Многу сум тажен. Дојдов од Задар само за да го испратам Кемич. Бевме пријатели 35 години и заедно пеевме во Америка, Канада. Беше душа од човек. Со многу гордост и тага стоев покрај неговото тело – вели Грдовиќ. Додека телото го ставале во автомобилот свирела песната на Кемал „Hvala svima “. Никој од пријателите и колегите, не можеше да ги запре солзите. На испраќањето била и Даниела Мартиновиќ (43).

– Ти благодарам што помина низ мојот живот и остави незаборавен траг – рече таа. Од Кемал се простија и Борис Новковиќ, Жељко Бебек, Иво Јосиповиќ и многу други.

Комеморацијата ќе биде во среда на 28 јануари во 12 часот во сараевскиот Народен театар, а погребот истиот ден во 14:30 часот на сараевските гробишта.