ФОТО: Поставена фитнес зона во Радовиш

Во насока на поддршка на спортскиот дух и промоција на спортот и спортските активности, општина Радовиш деновиве активно ја гради фитнес зоната кај Спортскиот Рекреативен Центар „25-ти Мај“.

3

Од овој проект бенефит ќе имаат пред се младите, но и останатите граѓани заинтересирани за овој вид активности.

Деновиве се поставени соодветни спортски направи за одвивање на фитнес активности.

4

Со ова добиваме една заокружена спортска целина на простор кој сметам дека е достапен за целото граѓанство и сите оние кои сакаат да се рекреираат и спортуваат имаат уште едно убаво уредено спортско катче, овде во дворот на спортската сала, рече градоначалникот Николов.

За реализација на овој проект од касата на општината се издвоени околу 350.000 денари.

7

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.