Фото: Поставени нови држачи за велосипеди во средните училишта

Во рамките на проектот “Младите на велосипед” деновиве во повеќе средни училишта на Градот Скопје беа поставени нови паркинзи за велосипед. Станува збор за проект со кој во средните училишта “Раде Јовчевски – Корчагин”, “Орце Николов” и “Михајло Пупин” се поставија паркинзи за 10 велосипеди, вкупно 30 нови паркинг места.

Во рамките на проектот “Младите на велосипед”, покрај поставувањето на новите паркинзи за велосипед, во СУГС “Орце Николов” учениците на ова средно училиште имаа можност да дискутираат со претставници на Координативното тело за велосипедска инфраструктура на Град Скопје и претставници од Републичкиот совет за безбедност во сообраќај и патишта. Целта на дискусијата беше да се подигне свеста на младите велосипедисти и останатите учесници во сообраќајот за нивната безбедност и да се воспостави соработка со соодветни институции и државни тела кои имаат влијание во креирање на законот за безбедност во сообраќајот.

Novi drzaci za velosipedi SUGS Orce Nikolov (3)

На средбата присутните беа информирани за новите и идните велосипедски патеки кои се дел од акциониот план на градот за 2014-2017 година.

Novi drzaci za velosipedi SUGS Orce Nikolov (4)

Проектот “Младите на велосипед” е реализиран од страна на здружението “Гоу Грин”, а финансиски е поддржан од Град Скопје. Овој проект има за цел да поттикне што повеќе млади луѓе да го користат велосипедот како основно превозно средство, да ги подобри условите за велосипедистите како и да ја подобри сообраќајната култура.

Novi drzaci za velosipedi SUGS Orce Nikolov (1)