ФОТО: Постот на Фејсбук на министерот за инвестиции кој на осмиот ден ја посети запалената депонија

Новиот министер за инвестиции на владата на СДСМ, Зоран Шапуриќ дури на осмиот ден откако дојде на функција ја посети запалената депонија во Струга, а додека се фалеше за посетата само предизвика подсмев во јавноста.

Тој за тоа се пофали преку социјалната мрежа Фејсбук, но поради непознавањето на основите на македонскиот јазик само докажа дека е некадарен за функцијата која ја доби.

Освен што постот е напишан на латиница, Шапуриќ не бил сигурен дали правилно се пишува „на лице место“ или „во лице место“.

-Во на лице место, во срецето на пожарот во депонијата, напиша Шапуриќ, и со тоа само предизвика подсмев во јавноста.

За трагедијата да биде поголема, загрижени граѓани подолу во постот го прашуваат што после пожарот во депонијата, а одговорите на прашањето веројатно само Шапуриќ може да ги разбере.

-Сите епонии во макед се диви 54 ниту една не исполнува никакви стандарди, само делумно и малку дрисла, е еден од коментарите кои Шапуриќ ги напушал подолу во постот.

Останува прашањето како Шапуриќ е избран за министер кога не го познава ниту македонскиот јазик?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.