ФОТО: Повик за формирање Армија на Република Санџак?!

Повик за формирање на Армија на Санџак се појавил на социјалната мрежа „Фејсбук“, јавуваат српските медиуми, пренесува Нетпрес.

Кратко потоа се појавила и „Фејсбук“ страна под името Армија на република Санџак.

„Го повикувам секој санџаклија од 15+ години, да застане во одбрана на градот, зошто и нашиот Алејхиселам во првата борба учествувал со 15 години“, наведено е во повикот на оваа страница.

Првиот повик за формирање на Армија на Санџак се појавил на страницата на Република Санџак, а администраторот поставил и грб на армијата, кој потсетува многу на грбот на Армијата на Босна и Херцеговина.

Понатака напишана е порака:

„Браќа Бошњаци, под итно мора да се формира Армија на Република Санџак

Поради зачувување на безбедноста на Бошњаците и територијата на Санџак! Четниците се подготвуваат да го нападнат Нови Пазар и јавно повикуваат на тоа! Ние ве повикуваме да се формира Армија на Република Санџак! Го повикуваме секој поединец и секоја група да се вооружуат што подобро“

Текбир !!!

sandzak2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.