ФОТО: Повредената девојка во Струмица, префрлена во Ургентниот центар во Скопје

Во сообраќајната незгода која се случи попладнево во Струмица, на излезот од Струмица кон Дабиле, при судир на два автомобили, потешко е повредена Г.Д. , која управувала со едно од патничките возила, кое според очевидци се превртело при ударот со другото возило, објави Струмицанет.

Повредената поради сериозноста на повредите итно е префрлена на Ургентниот центар во Скопје. Полесно се повредени уште две лица. Тие се задржени на лекување во струмичката болница.

Сообраќајката според очевидци се случила откако едно возило удрило во возилото пред него по што се извртело и пременало во спротивната лента, во која се судрило со друго возило. Причини за сообраќајната незгода била неприлагодена брзина и небезбедно растојание.

tesk

Патот Струмица-Дабиле е отворен за сообраќај, но се одвива отежнато на местото на сообраќајната незгода.

ФОТО: Струмица денес.мк