Фото+ Видео: Повредените од сообраќајката, надвор од животна опасност

Вкупно 21 лице се примени во Клиничката болница во Битола со скршеници и други повреди од сообраќајката која денеска напладне се случи кај месноста Бели Мост близу Демир Хисар во која директно се судрија два автобуса. Осуммина од повредените се примени на ортопедија, шест на хирургија, а пет лица на неврохирургија.

Една жена се наоѓа на интензивна нега и е со потешки повреди, но е надвор од животна опасност. Останатите повредени по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

avtobus1500

Несреќата се случи при директен судир на двата автобуси, по што едниот паднал во река. Полицијата се уште го извршува увидот, а како што објави Канал 5 според првичните проценки направена е материјална штета од околу 30.000 евра.

Видео: ТВ Тера