Фото: Повторно настрада домот на Буралиева

Домот на пратеничката на СДСМ Љубица Буралиева повторно е на мета на насилници, објавува Денешен. Утрово во полиција е пријавено дека пред влезот на нејзината зграда, некој повторно со црн спреј испишувал заканувачки пораки.

Ова е втор пат за една недела да настрада домот на пратеничката Буралиева. ЗА разлика од пред една ндела коа насилниците стигнаа до вратата на пратеничката, овој пат застанаа пред нејзината зграда.