ВИДЕО: Повторно нереди на улиците во Фергусон

Демонстрантите се вратија на улиците во вторникот, ден по жестоките нереди во знак на незадоволство од одлуката на поротата да не му се суди на белиот полицаец кој летово го застрела осумнаесет годишниот Афроамериканец Мајкл Браун.

Дополнително стотина припадници на Националната гарда и помагаa на полицијата, но најновите демонстрации предизвикаа хаос, кој избувна како резултат на објвената одлука на поротата. Повеќето судири беа релативно мали, иако демонстрантите запалија автомобили, а полицијата употреби солзавец.

Во меѓувреме, полицаецот Дарен Вилсон по долгиот молк во јавноста даде изјава дека не можел да реагира поинаку при конфронтацијата со Браун.

Гувернерот на Мисури, Џеј Никсон, по насилствата во понеделникот испрати дополнителен контингент на Националната гарда, со што бројката на овие припадници се зголеми на 2,200, со надеж дека ќе успеат да го зачуваат мирот и редот во Сент Луис.

-Животите и имотите мора да бидат заштитени, рекол тој и додал дека заедницата заслужува мир.

Присуството на гардата беше тешко да се пропушти. Стражарски единици го заштитуваа полицискиот оддел во Фергусон и ја контролираа толпата.

Група од 50 демонстранти наишла на барикада од 30 припадници на гардата. Групата извикувала: „Чии улици, наши улици!“, „Вака изгледа демократијата“ и „Раце горе, не пукајте“.

Пред полициската станица во Фергусон една жена била приведена откако демонстрантите започнале да фрлаат нешто во вид на димни бомби, ракети и шишиња со замрзната вода во линија каде се наоѓале полицајците. Уапсени биле уште неколкумина лица кои им пркоселе на полицајците.

Втори големи демонстрации се одржаа наредниот ден низ целата земја. Стотина средношколци во Сиетл не присуствуваа на предавањата со часови, а неколку стотина лица маршираа во Кливленд и го болкираа сообраќајот на фрекфентниот автопат.

За време на интервју Вилсон изјавил дека совеста му е чиста.

-Мојата совест е чиста, бидејќи јас си ја извршил должноста како што треба, рекол тој.

Вилсон, 28, работел како полицаец помалку од три години пред пукањето на 9. август. Тој кажал дека пукањето во Браун било прв пат да го употреби оружјето на работа.

Адвокатите на семејството Браун ветија дека ќе се заложат за федерални обвиненија против Вилсон и рекоа дека целиот судски процес е манипулација уште од самиот почеток.

-На самиот почеток рековме дека одлуката на оваа порота треба да биде директен одраз на презентацијата на доказите од страна на обвинителството, истакна адвокатот Антони Греј.

Тој посочи дека главниот обвинител презентирал докази за дискредитација на процесот, вклучително и сведоци кои не го виделе пукањето.

За време на протестите во понеделникот во Фергусон се запалени дванаесет згради, а пожарникарите одговориле и на осум други повици. Исто така запалени биле и 12 автомобили.

f1

Натали ДуБос,сопственик на слаткарница, планирала ноќта во вторникот да ја помине во нејзината продавница, откако во понеделникот нејзиниот излог бил искршен.

– Ова ми е единствената можност за заработка со која ќе ги одгледам своите деца, рекла Натали.

Родителите на Браун јавно повикале на мир, а во вторникот нивните претставници истакнале дека оние кои палат автомобили не се на страната на Мајкл Браун.

Видеата кои беа објавени во вторникот пак покажаа како мајката на Браун, Лесли МекСпаден стои на врвот на еден автомобил, по прогласувањето на одлуката на поротата.

Нејзиниот сопруг, очувот на Мајкл, ја теши, по што луто започнал да вика.

Говорејќи во Чикаго, американскиот претседател Барак Обама рекол дека е свесен за тоа дека одлуката на поротата вознемирила голем број граѓани, но дека фрустрациите кои сме ги виделе не се само поради поединечен инцидент. Тој додал дека тие имаат длабоки корења во повеќе заедници, во кои има чувство дека законите не секогаш се спроведуваат еднакво.

Адвокатите на Вилсон во соопштение ја пофалиле одлуката на поротата и додале дека службеникот им е благодарен на неговите поддржувачи.

-За спроведување на законот некогаш мора да се направат и тешки одлуки во дел од секундата, напишале адвокатите во соопштението, кои додале дека Вилсон постапил според обуката и според законот.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.