ФОТО: Пожар во училиштето „Коменски“ во Тафталиџе

Пожар избил денеска околу 11 часот во подрумските простории на ООУ Јан Амос Коменски“, во работилницата за училишен инвентар.

Oбезбедувањето и вработените веднаш го изгаснале пожарот кој бил со мали размери.

Откако училишниот противпожарен аларм сигнализирал дека во една просторија има повеќе чад, обезбедувањето и тројца вработени се симнале во работилницата, каде со училишниот хидрант и со неколку противпожарни апарати го локализирале пожарот. Инаку , за секој случај  одговорните во училиштето повикале и амбулантно и противпожани возила.

pozar

Сите деца, наставниот кадар и вработени се безбедни и нема повредени, а за износот на материјалната штета се очекува да се изјаснат  надлежните служби.

Заради  безбедност и подрумскиот чад  децата се  ослободени од наставата и пуштени дома.