ФОТО: Познат холивудски актер ни ја честиташе независноста

Актерот Џош Духамел, познат по улогата во серијалот „Трансформери“, но и серијата на NBC – „Лас Вегас“, на Фејсбук им го честиташе Денот на независноста на сите пријатели од Македонија.

Во својата честитка, објавена пред десетина на фан-страницата на Фејсбук, Духамел напиша:

Happy Independence Day to all my friends in beautiful Macedonia! Hope you’re having a great time celebrating.

Ова не е првпат Духамел да се јави со честитка кон нашата земја. Пред две години, познатиот актер ни го честиташе Илинден.