ФОТО: Познатиот актер ја запроси својата 27-години поимлада девојка

Познатиот актер ја запроси својата 27-години поимлада девојка. Разликата во годините во љубовните врски на познатите секогаш интригира, а така е и со врската на познатиот актер Дејвид Хаселхоф (63) кој се прослави со улогата во хот серијата „Чувари на плажата“.

haselhof-1

Тој одлучи по пет години врска да ја запроси неговата девојка Хајлеј Робертс (36) на плажата во Малибу. Хаселхоф вели дека почекал за веридбата затоа што сметал дека е премногу стар за неговата девојка.

Тој вели дека ја запросил не затоа што сака да живее со неа, туку затоа што неможе да живее без неа.

Хајлеј не верувала дека актерот ќе ја запроси и вели дека тоа било големо изненадување за неа. Исто така додава дека разликата во годините не и’ пречи.

haselhof-2

Инаку за Хаселхоф ова ќе биде трет брак. Тој претходно беше во брак со Памела Бач со која има две деца, како и со актерката Кетрин Хикланд.