ФОТО: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните засадија дрвца

Пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните од општините од каде што доаѓаат активно се вклучија во денешната акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ која што годинава се одвива под мотото „Стоп на катастрофите“.

Најголем број од  пратениците, денес беа на местата односно површините на кои што беше предвидено да се изврши пошумување и заедно со граѓаните кои што излегоа во голем број придонесоа за акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ и оваа година да ги оправда очекувањата, соопштуваат од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

„Сметаме дека на овој начин директно влијаеме за подобрување на воздухот како и за спречување на катастрофите кои би можеле да настанат како резултат на климатските промени посебно во пределите каде се соочуваме со голи ридови. Сакаме како пратеници да го изразиме нашето задоволство и да ги поздравиме сите граѓани кои што и оваа година излегоа и посадија дрвце и покажаа дека се спремни да придонесуваат со својот труд за почиста и позелена Македонија. Пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ како досега, така и во иднина ќе ја поддржува акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ и ќе го дава својот придонес, но и секоја друга акција која се однесува за заштита и поквалитетна животна средина, се вели во соопштението.

10394097_1520874671500611_4441932941578294810_n 10473207_735824973177705_4216159829965367003_n 10478541_909562712410826_7063298002688431982_n 10846391_360840330764080_5513721482462317919_n