вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 61

ФОТО: Пред година дена бездомник, денес модел

john_1

Последни вести

Џон Економу, имал луда среќа која му се насмевнала минатото лето, па од бездомник станал модел.

Имено, Кендал Џенер и Џиџи Хадид, завршувале со снимањето на реклама во Венис Бич во Калифорнија минатото лето, кога го забележале 20-годишниот Џон.

Згодниот Џон нема свој дом и само моментално престојувал таму. Тој всушност доаѓа од Милвоки, од сојузната држава Висконсин, а снимал телевизиски реклами кога бил мал. Откако го напуштил факултетот, Џон завршил во Калифорнија, каде спие на каучите на своите пријатели и вози наоколу со својот скејтборд.

john_2

Џиџи и Кендал тогаш му пришле, а по краткиот разговор, Кендал му предложила на Џон да се обиде во манекенските води, па го споила со својот агент, да му помогне во таа цел.

Не се однесуваа како арогантни богаташки. Џиџи беше зборлива и забавна, додека Кендал беше малку порезервирана, но исто така одлична. Таа во себе носи некоја хипи вибрација, изјавил открил Џон за Дејли Мејл.

Иако тој веќе никогаш не ги сретнал Џиџи и Кендал сепак од тогаш била на неколку аудиции.

john_3

Најчитани вести