ФОТО: Прегазен пешак на „Партизанска“

Сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот „Партизански одреди“ на крстосницата кај Конгресниот центар „Александар Македонски“.

Како што информираат од СВР – Скопје за Нетпрес, сообраќајната несреќа се случила вечерва околу 20.45 часот.

soob_1 (2)

Патничко моторно возило „Хонда“ удрило во пешак, женско лице и истата починала на лице место.

Во моментов полицијата врши увид на лице место.