ФОТО: Премиерот Груевски им додели плакети на амбасадорите на спортот

Најуспешниот македонски ракометар Кирил Лазаров, поранешниот фудбалски селектор Андон Дончевски, еден од најдобрите македонски одбојкари Јошко Миленковски и фудбалерот Агим Ибраими се именувани за амбасадори на спортот на Република Македонија, a плакетите за именување на оваа почесна функција на четворицата спортисти и тренери со интернационална кариера денеска во Владата им ги врачи премиерот Никола Груевски.

Лазаров, Дончевски, Миленковски и Ибраими едногласни дека титулата е големо задоволство и чест.

-Огромна чест ми е, лично како долгогодишен репрезентативец на Македонија, веќе повеќе од една ипол деценија го носам националниот дрес со големо задоволство. Покрај националниот дрес, мислам дека достојно ја претставувам Македонија и надвор од нашата земја. Сакам да се заблагодарам не премиерот за оваа укажана доверба и ќе пробаме и во иднина како спортски амбасадори, како во нашата така и надвор од нашата земја да ја презентираме Македонија во најдобро светло и да допринесеме со нашето искуство кое го имаме стекнато сите овие години и после активната кариера да го подобриме квалитетот на нашиот спорт, бидејќи Македонија е спортска нација, македонскиот народ единствено може да го сполти македонскиот спорт, а ние како избрани ќе пробаме во уште поголеми размери да ја презентираме нашата земја во најдобро светло, истакна Кирил Лазаров, најуспешен македонски ракометар.

andon

-Благодарам за ова признание кое е навистина најпрестижно во мојот живот, тоа значи дека ми го вреднуваат трудот што сум го дал за „Вардар“ и за Македонија. Голема чест е за мене што премиерот ми го даде ова признание и што се наоѓам меѓу овие великани Кире, Јошко и Агим. Досегашниот мој живот спортски ми е вреднуван и со задоволство го примив признанието и мислам дека функцијата што ја имам ќе придонесе многу за да праќам квалитетни фудбалери од Австралија за да можат да го подобрат квалитетот фудбалот во Македонија, подвлече Андон Дончевски, најпознат македонски фудбалски работник од повозрасната генерација.

josk

Пред се благодарам за ова големо признание, ова е една голема привилегија да се биде во друштво со овие великани на нашиот спорт. Јас како долгогодишен поранешен селектор, а сега како еден репрезент на македонскиот спорт во Република Турција каде што 5 години верувам дека со успех го презентирам нашиот спорт и верувам дека уште подолго време ќе го правам тоа. Голема благодарност и во мое лично има и во името на другите наши легенди и великани, рече македонскиот одбојкар и тренер Јошко Миленковски.

ibraimi

-Ова е големо задоволство да се биде тука, чест ми е да го добијам ова признание. Се надевам и верувам дека и во иднина ќе дадем се од себа да ја презентирам Македонија во најдобро светло, рече еден од најдобрите македонски фудбалери, член на националниот тим во фудбал Агим Ибраими.

Одлуката за доделување на оваа титула на четворицата спортиски и тренери е донесена на последната Владина седница.

Согласно Законот за спорт, титулата амбасадор на споротот им се врачува на истакнатите македонски спортисти и тренери за промоција и афирмација на Република Македонија во земјите каде што ја остваруваат својата спортска кариера или, пак, останатата спортска активност.

Доделувањето на титулата е на предлог на Агенцијата за млади и спорт утврден од Советот за спорт како стручно-советодавно тело. Таа е почесна и без паричен надомест, а амбасадорите на спортот имаат обврска да подготвуваат и извештаи за извршените активности за промоција и афирмација на спортот на Република Македонија до органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.