(ФОТО) Премиерот Груевски ја отвори новата фабрика на „Џонсон Контролс“ во Технолошко индустриската развојна зона – Штип

Премиерот Никола Груевски, во присуство на Амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс, потоа Петер Хеифт, генерален директор на Трим групацијата „Џонсон Контролс“, директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо и градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, ја отвори новата фабрика на „Џонсон Контролс“ во ТИРЗ во Штип. Премиерот Груевски во своето обраќање изрази благодарност до Амабсадата на САД и до раководството на „Џонсон Контролс“ за севкупниот ангажман.

„Ова е втора фабрика на оваа позната американска компанија, во која во моментов работат 1040 вработени со тенденција да се вработат уште со што би се заокружила бројката од 1400 работни места.Ние како Влада на РМ, остануваме посветени на напорите за обезбедување и континуирано подобрување на условите за водење бизнис во Македонија а со самото тоа и на привлекување на странски инвестиции. Доаѓањето на Џонсон Контролс во Штип донесе свежина во стопанството, наметна нови стандарди и јас се надевам дека ќе има уште можност за инвестирање ширум земјава. Најважно од се е што се надевам дека многу бргу Џонсон Контролс ќе добие соседи со што ќе продолжи отворањето на нови погони во оваа зона,“ изјави премиерот Груевски.

peterНа отворањето свое обраќање имаше и Петер Хеифт, генерален директор на Трим групацијата „Џонсон Контролс“, кој ги запозна присутните со успесите на компанијата.

„Џонсон Контролс е американска компанија која снабдува клиенти во повеќе од 150 земји во светот со глобална продажба од 40,8 милијарди американски долари во фискалната 2011 година. Седиштето на компанијата се неоаѓа во Милвоки, САД.Над 162.000 вработени на повеќе од 1.300 локации на „Џонсон Контролс“ низ светот креираат квалитетни производи, услуги и решенија за оптимизирање на енергетската и оперативната ефикасност на зградите, акумулатори за автомобилската индустрија за хибридни и електрични возила, како и ентериерни системи за автомобилите,“ изјави Хеифит.

viktor mizoДиректорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Виктор Мизо изјави дека во фабриката се вложени околу 20 милиони долари што е најголема Американска инвестиција во Македонија:

„На 17 октомври 2011година, „Џонсон Контролс“ го основа својот втор инвестициски проект во Македонија. Инвестицискиот проект од околу 20 милиони американски долари кој се реализираше во Технолошко-индустриската развојна зона Штип и креираше 1400 работни места. Фабриката е специјализирана во производство на покривки за автомобилски седишта и се очекува во рок од една година да започне да снабдува европски клиенти,“ изјави Мизо.

pol volersСпоред американскиот амабсадор, Пол Волерс, партнерскиот однос со Владата дава силни резултати на економски план.

„И минатиот пат кога дојдов имаше ветер во Штип а сега се случува истото. Разликата е во тоа што минатиот пат бевме да означиме старт на изградба на фабрика, пред една голема дупка а сега пред вас имаме голем и модерен објект со над 1000 вработени. Нашиот партнерски однос со Владата на Македонија даде одлични резултати и морам да ја поздравам оваа инвестиција која впрочем е најголемата американска инвестиција во Македонија,“ потенцираше Волерс.

На 12 декември 2007 година започна со комерцијално производство фабриката на „Џонсон Контролс“ Македонија во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Инвестицијата изнесуваше 40 милиони американски долари. Фабриката во ТИРЗ Скопје 1 произведува компоненти за инструмент-табли за автомобилска индустрија додека во Штип навлаки за автомобилски седишта.