Македонија

ФОТО: Премиерот присуствуваше на Ифтар вечера со над стотина учесници

ФОТО: Премиерот присуствуваше на Ифтар вечера со над стотина учесници

Премиерот Никола Груевски, денеска во Скопје во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам присуствуваше на Ифтар вечера заедно со повеќе граѓани, членови на ВМРО-ДПМНЕ од исламска вероисповед.

Ова доаѓа откако Груевски во текот на вчерашниот ден присуствуваше на Ифтар во Струга заедно со повеќемина, воглавно Македонци муслимани. Денес пак на вечерата во Скопје присуствуваа повеќе Албанци, Македонци муслимани, Бошњаци, Роми и Турци.

DSC_6265 (3)

Премиерот им посака на присутните убави празнични денови, среќа и спокој на верниците кои го празнуваат празникот Рамазан Бајрам, како и единство, хармонија и взаемно почитување кое треба да биде единствениот пат кој може да донесе економски, културен и сеопшт развој на државата.

DSC_6270

Груевски посочи дека ваквите настани се добра прилика да се разменат мислења, но и да се прати порака на единство, бидејќи соживотот и меѓусебното почитување имаат вековна традиција меѓу луѓето кои живеат на овие простори и тоа треба да биде примерот кој треба да биде следен во сечие делување и работа.

DSC_6288