ФОТО: Претепана украинска новинарка

Опозициската активистка и новинар, Татјана Чорновил била претепана во близина на својот дом во Киев во средата, неколку часа откако во јавноста беше обелоденета нејзината истрага за финансиските сретства на високи политичари, објави „Ројтерс“.

Чорновил и е позната на украинската јавност по истрагата за корупцијата во високите ешалони на власта.

Новинарката одржувала говори и за време на протестите на опизицијата во Украина.

Таа изјавила пред полицајците дека патот пред нејзиниот автомобил бил блокирало од друг автомобил околу полноќ. Група од непознати мажи го искршиле задното стакло на нејзиниот автомобилот, ја извлекле од него, ја претеале и ја фрлиле во канал.

Новинарката се здобила со многу скршници и бројни модринки, пишува онлајн изданието „Украинска правда“. Активисти на опозицијата соопштуваат дека таа е одведена во болница за лекување.

Претседателот Виктор Јанукович апелирал до полицијата што побрзо да ги пронајде напаѓачите на Чорновил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.