сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 30

ФОТО: Претседателот Иванов приреди ифтарска вечера

Претседателот Ѓорге Иванов вчеравечер во Вила Водно, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, приреди ифтарска вечера по повод светиот муслимански месец Рамазан.

2

Поврзани вести

Претседателот Ѓорге Иванов вчеравечер во Вила Водно, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, приреди ифтарска вечера по повод светиот муслимански месец Рамазан.

Претседателот Иванов приреди ифтарска вечера

Претседателот Иванов приреди ифтарска вечера

Македонскиот претседател обраќајќи се пред присутните гости – поглаварот на Исламската верска заедница, реис ул улема хаџи Ефенди Сулејман Реџепи, муфтии, претставници на јавниот и на политичкиот живот, како и претставници на бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, истакна дека Република Македонија ја негува вековната традиција на соживот и заемно почитување  во кои преовладуваат вредностите кои претставуваат „мост на  зближување” помеѓу сите граѓани на нашето мултиетничко, мултијазично и мултирелигиско општество.

Претседателот Иванов приреди ифтарска вечера

Претседателот Иванов приреди ифтарска вечера

Претседателот Иванов на присутните и на сите припадници на исламската вероисповед им го честиташе светиот месец Рамазан.

Месецот Рамазан е најсвет месец во Исламот бидејќи токму во овој период верниците имаат можност да ги исполнат тие заповеди за пости и молитва, за милост и солидарност кон посиромашните, но и за почитување на различните, истакна претседателот Иванов.

Претседателот Иванов приреди ифтарска вечера

Претседателот Иванов приреди ифтарска вечера

Ова е особено важно денес, кога живееме во време на предизвици. Нашата држава, Република Македонија минува низ длабока политичка криза. Нашиот континент, пак, минува низ криза на европската идеја, рече претседателот Иванов и порача  дека добрата мисла, почитувањето и прифаќањето на различноста ни помага да напредуваме заедно кон заедничка иднина.

Претседателот Иванов приреди ифтарска вечера

Претседателот Иванов приреди ифтарска вечера

Македонскиот претседател истакна дека како што ние во Македонија знаеме да живееме со нашите најдлабоки верски и етнички разлики, така треба да  научиме да живееме со нашите најдлабоки политички разлики.

Верувам дека оваа позитивна лекција треба да им ја пренесеме и на другите наши политичари. Затоа што само така ќе ја продлабочуваме почитта меѓу граѓаните на Република Македонија, порача претседателот Иванов.

Претседателот Иванов приреди ифтарска вечера

Претседателот Иванов приреди ифтарска вечера

Поглаварот на Исламската верска заедница, реис ул улема, хаџи Ефенди Сулејман Реџепи му се заблагодари на претседателот Иванов за приредената ифтарска вечера поздравувајќи го овој потег на Претседателот како чин кој придонесува кон зголемување на меѓусебната почит, толеранција и разбирање помеѓу граѓаните на Република Македонија.

Најчитани вести