Фото: Превезувачите на мигрантите се поинвентивни

Вчера мобилните царински тимови открија двајца нелегални мигранти скриени во специјално скривалиште зад задното седиште на германски автомобил.

На граничниот премин Богородица за влез во државата се пријави германско Пежо 607, управувано од германски државјанин.

kola-500

При контрола на возилото, зад задното седиште е откриен специјално изработениот бункер, во кое се криеле двајца сиријски државјани, кои поседувале документи од грчкиот центар за азиланти.

Мигрантите, возилото и возачот беа предадени на Министерството за внатершни работи за понатамошна постапка.