ФОТО: Приказната за венецот си ја измислија за да ја дефокусираат јавноста

Со оглед на жестоката манипулација присутна на соросовите медиуми која добива на интензитет овие денови и која ја покажува нивната корумпираност, последниот настан со доставување на погребален венец до домот на Борјан Јовановски е целосно измислен настан кој има политичка цел, објави „Курир“.

borjannnn

Ваквиот чекор и измислувањето на приказната со венецот е обичен дефокус од вистинскиот скандал за кој напиша новинарот Миленко Неделковски, дека на сметката на Борјан Јовановски минатата недела легнале 68 илјади евра пари дојдени од странство, пари за кои Јовановски не демантирасе и не каза од кого се и за што се.

-На сметката на Борјан Јовановски, шпиунот од Брајчино, минатата недела легнале 68.000 евра, пари дојдени од странство. Од кого се? За што се? Доволно ли се?, напиша Неделковски.

По осамнувањето на фотографија на сопругата на Јовановски со погребален венец се кренаа медиумите на СОРОС и без било каква истрага а и без било какви докази веднаш донесоа пресуда и посочија прст во Владата дека стои позади ова. Па денес, донесоа пред Владата различен венец од тој со кого се сликаа вчера, што говори за желбата за правење на театар, лагите кои ги креираат и самопрогласувањето на жртви.

venecccc

Со оглед на манипулациите и црните сценарија кои ги креираат медиумите на СОРОС очигледна е злонамерното извртување на вистината. Венец има, ама докази нема кој стои позади тоа, што говори дека се работи за измислено сценарио кое има за цел вината да се посочи кон Владата како дел од поголемата креирана приказна на опозицијата и платениците на СОРОС дека наводно била загрозена слободата и демократијата.

Со други зборови, таканаречените борци за демократија на опозицијата се платеници на СОРОС чија задача е да внесуваат немир кај граѓаните и преку креирање на лаги и погрешни перцепции да направат раздор. Венецот на Борјан Јовановски е измислен и е морбиден обид да се нанесе штета преку ширење невистини да се прогласат за жртви, дотолку повеќе што провидноста на ваквите лаги се гледа и низ обидот за надградување на манипулацијата преку измислени други закани кон соросовите платеници кои се топ тема во соросовите медиуми.

Пропангадизмот кој го наметнуваат е веќе видена работа. Таква беше иницијативата „Овде сме тепајте не’“, каде актуелниот шеф на комуникации во СДСМ, Роберт Поповски организираше политички протести прогласувајки новинари за жртви.

tepajte

За разлика од измислената приказна за венецот на Борјан Јовановски, истите соросови новинари и платеници молчеа и никаде не протестираа кога имаше видео снимка од тоа како Стојанче Ангелов се заканува со физичка пресметка врз новинарот Дејан Николовски и кога соровиот експонент Сашо Ордановски атакуваше врз главниот уредник на МРТ Горан Петрески на кого му порача дека него го ваделе со полиција, а како ќе го вадат Петрески кога ќе се сменела власта.

Истите соросови платеници молчеа кога Андреј Жерновски јавно пред камери го прогласи главниот уредник на МТВ, Горан Петрески за предавник, исто кога и Петрит Сарачини физички го нападдна дописникот на МИА од Брисел, Бобан Нонковиќ, како и заканите кон новинарите Душица Мрѓа, Гоце Михајловски и Боби Христов кои според оценката на експонентите на СДСМ беа виновни затоа што поставуваа нормални прашања кон Заев кои нив не им се допаднаа.


За сето ова постојат видео снимки и изјави на сведоци за разлика од измислената достава на венец на Борјан Јовановски. Сето ова е дежаву на минати времиња кога СОРОС преку лаги и манипулации и со приближно истите луѓе на недемократски начин сакаат да предизвикаат криза и недемократска атмосфера.