ФОТО: Приколка од лего коцки влезе во Гинис

Приколка целосно направена од ЛЕГО коцки влезе во Гинисовата книга на рекорди.

За изработка на оваа приколка биле потребни 215.158 ЛЕГО коцки, а во процесот учествувал тим од 12 професионални ЛЕГО експерти.

Тие поминаа 12 недели, и повеќе од една илјада часови за да креираат единствена приколка во природна големина, целосно направена од ЛЕГО коцки.

Екипата со изработката на оваа приколка го собори Гинисовиот рекорд за најголема приколка направена целосно од пластични коцки.

lego1

И не само што изгледа целосно реалиситчно, туку оваа приколка целосно функционира, има вода, електрично осветлување, прибор за кујна и прилично неудобен кревет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.