ФОТО: Принцот Џорџ позира со Кралицата Елизабета за нејзиниот роденден

Принцот Џорџ, синот на Кејт и Вилијам позираше со неговата прабаба по повод нејзиниот 90-ти роденден.

Кралицата, принцот Чарлс, принцот Вилијам и малиот принц Џорџ позираа за новата поштенска марка во Велика Британија.

Во пресрет на нејзиниот 90-ти роденден утре, објавен е овој нов портрет на кралското семејство.

Инаку ова е прв пат принцот Џорџ да позира за неговата поштенска марка. Тој е качен на неколку реда стиропор, а го држи татко му за рака. Како што појаснува Дејли Мејл, малиот Џорџ морал да биде поткренат за сите членови на кралското семејство да бидат речиси на иста височина за потребите за поштенската марка.

princ-gorg-2

Покрај со оваа фотографија Кралската Пошта ќе објави и шест други поштенски марки за да го обележи роденденот: три црно бели фотографии од семејните сцени на кои Кралицата е со нејзиниот татко, со сопругот и децата и три во боја на кои што се прикажани нејзините кралски дејствија.