ФОТО: Припадници на ИСИЛ провоцираат среде Виена!

Фотографии снимени од припадници на терористичката Исламска држава на Ирак и Леванте (ИСИЛ), на неколку многу атрактивни локации во австриската престолнина Виена, биле објавени на социјалната мрежа „Твитер“, од корисничко име Абу Умар.

На една од фотографиите рачно е напишана порака на англиски јазик: „Поддршка од Австрија“.

На друга пишува: „Милијарда муслимани за поддршка на исламските држави“.

Со текстот на пораките се исцртани и исламски воени симболи.

Објавените фотографии се снимени на три светски познати локации во Виена. Една пред панорамското тркало, една на ридот Калемберг и една на дунавскиот остров Дунаинсел.

teroristi1

Истиот корисник на „Твитер“ објавил пост во кој е напишано: „Не постои друг Бог освен Алах и пророкот Мухамед. Исламска држава во Ирак и во Голема Сирија – ИСИЛ останува. Поддршка од Австрија“.

Сето ова се случува на само неколку денови откако на интернет се појавија карти според кои, за пет години околу половина од Европа ќе припаѓа на „исламското царство“.

Во извештајот на австриските власти, се наведува дека лани е забележан пораст како на левичарскиот, така и на десничарскиот екстремизам, а со тоа пораснал и бројот на лица кои се вратиле од војната во Сирија. Околу 100 лица од Австрија моментно се борат во Сирија. Околу 40, пак, се вратиле оттаму во Австрија и постојано се под присмотра на Сојузната служба за обезбедување на уставниот поредок и борба против тероризмот (БВТ).

teroristi2

Оваа австриска безбедносна служба предупредува дека точно 44 лица, кои во земјата се вратиле од војната во Сирија, потенцијално се многу опасни и претставуваат „значаен безбедносен ризик за Австрија“.

Најголем дел од „борците-повратници“, по потекло се од југоисточна Европа, поточно од регионот западен Балкан, наведено е во извештајот на австриската безбедносна служба.