Фото: Припадниците на ИСИС фрлија од зграда уште еден хомосексуалец

На ужасните фотографии се гледаат голема топла луѓе жедни за крв, собрани пред повеќекатницата во „главниот град“ на групата, Рака, за да го гледаат убиството на младата жртва.

Додека разлаената толпа се качувала и на покривите за да добие подобар поглед кон дивјачката сцена, брадосаните милитанти го однеле човекот со врзани очи на покривот на највисоката зграда во соседството и со мобилни телефони го снимале неговиот пад.

Сликите ги објавила локалната активистичка група „Рака е подложена на тивок масакр“ (Raqqa Is Being Slaughtered Silently), кои работи тајно во упориштето на ИСИС за да ги изложи злосторствата на оваа терористичка група.

eden3-630x399

Фотографиите го содржат карактеристичното жолто лого на пропагандното крило „Ал Хајат Медиа центар“ на ИСИС, што укажува дека се извадени од се уште необјавено видео на дивјачкото убиство.

Фотографиите покажуваат огромна толпа народ како се собира пред зграда во западниот дел на градот, кој ИСИС го зазеде во почетокот на 2014 среде хаосот на сириската граѓанска војна.

eden1-630x395