ФОТО: Пристигна третиот воз од Кина

Третиот патнички воз од Кина денеска пристигна во земјава. Четвртиот воз треба да биде донесен за околу еден месец, а до јуни се очекува во Македонија да бидат пристигнати сите шест патнички возови. Четири од возовите се дизел, а два со електромотор.

Првиот патнички воз веќе сообраќа на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија, вториот набрзо ќе биде пуштен во сообраќај кон Битола, а третиот кој пристигна денеска ќе сообраќа по техничко-безбедносните контроли.

Директорот на МЖ „Транспорт“ Никола Костов вели дека возовите се безбедни за сообраќај по македонските пруги, а цената на билетите останува непроменета.

Оваа инвестиција е вредна 25 милиони евра.