ФОТО: Продолжува хаосот низ улиците на Киев

Од утрово траат жестоки судири меѓу украинските сили за безбедност и демонстрантите. Центарот на Киев, според фотографиите на светските медиуми, личи на воено упориште.

Beta-AP

Светските агенции најпрвo пренесоа дека полицијата во раните утрински часови почна да ги разбива барикадите и да апси демонстранти, поради што избија нови судири. Демонстрантите, од друга страна, фрлале камења и молотови коктели врз полицијата, која одговорила со солзавец и димни бомби.

Beta-AP

Потоа медицинската служба на украинското протестно движење во Киев соопшти дека еден демонстрант, на кого полицијата пукала од снајпер, починал.

Таа служба додала дека уште едно лице загинало кога паднало од врвот на свечениот влез на фудбалскиот стадион Динамо Киев.

Во меѓувреме потврдена е веста дека во судирите на полицијата и демонстрантите загинал уште еден демонстрант. За двете жртви, докторите навеле дека имале дупки од куршум во телото, а за третиот се наведува дека паднал од висина.

Beta-AP

Светските медиуми, исто така, наведуваат, дека продолжуваат судирите на главниот плоштад во Киев, кој што личи на воено упориште, бидејќи таму се водат интензивни борби меѓу демонстрантите и полицијата, која е целосно опремена за разбивање на демонстрантите.

Beta-AP

Исто така, постојано одекнуваат истрели, се фрлаат шок бомби, чад има насекаде, а екипите на итната помош само изнесуваат повредени лица. Полицијата преку разглас ги повикува демонстрантите да си заминат и да не се судираат со силите за безбедност.