Пронајден череп од врколак во струмичко Ново Село?

Универзумот е полн со мистерии кои претставуваат предизвик за науката. Новинската агенција Epoch Times ги собира оние приказни кои што се однесуваат на сите овие чудни феномени со цел да ја поттикне вашата имагинација и да ги отвори можностите да размислувате за она за што претходно и не сте сонувале. Дали сето тоа е вистина? Одлучете сами.

Земјоделецот од струмичко Ново Село, Трајче Драганов тврди дека додека орал на својата нива нашол кутија врзана со синџир во која имало череп на суштество кое наликува на врколак.

Novo-Selo-resize-2

Списанието Ancient Origins за настанот дознало од страна на историчарот Филип Ганев, кој престојувал во Ново Село додека вршел истражувања за неговата нова книга за Балканските војни. Ганев се сретнал со земјоделецот кој му ја покажал кутијата со чудниот череп.

Ганев го фотографирал черепот и ги доставил фотографиите до властите задолжени за дивиот свет, кои заклучиле дека најверојатно станува збор за волк кој боледувал од Пагетова болест, состојба која предизвикува зголемување на коските и затоа многу повеќе наликува на човечки череп.

Врколаците се дел од балканскиот фолклор и пред пишаните документи. Легендите се различни во различните предели, како и причините за тоа како и зошто некој станува врколак.

vrkolakkkk_2

Против врколаците често се вршел егзорцизам од страна на свештено лице, a потоа телото било обезглавувано и се спалувало телото. Се сметало дека врколаците треба да бидат убиени во сабота бидејќи само тогаш лежеле во гробот и можеле лесно да бидат фатени. Кога станува збор за врколакот најден во Ново село, по се изгледа тој бил убиен според верувањата.

Трајче не се плаши дека духот на врколакот ќе биде ослободен и многу се гордее со неговото откритие. Тој признава дека другите во селото не се толку среќни и сметаат дека би било најдобро да го остави таму каде што го нашол – под земја.

– Голем број од моите соседи се лутат затоа што го вознемирив врколакот. Велат дека во следниот живот ќе се родам како врколак. Ако тоа е мојата судбина, тогаш нека биде, вели тој.