ФОТО: Пропаганди и лаги на опозициските медиуми за студентскиот протест

Порталот „Плусинфо“ објави смешна бројка дека на студентскиот марш во Скопје учествувале меѓу 16 и 18 илјади луѓе, што предизвика вистински потсмев, бидејќи реалната бројка беше далеку од тоа, односно две до три илјади лица.

– Извикувајќи: „Екстерно за Владата“, „Нема сила да го сопре гласот на студентите“, 16 до 18.000 демонстранти побараа од Министерството за образование и од Владата да носат посистематски реформи кои нема да бидат екпериментални и да се откажат од државниот испит, односно ектерното тестирање, пишува „Плусинфо“, продолжувајќи да манипулира со терминот екстерно тестирање.

plusinfodenes

Демант за ваквите смешни тврдења на „Плусинфо“ стигна од никој друг туку од опозицискиот портал „Нова ТВ“, кој објавува дека на денешниот протест марширале меѓу две и три илјади студенти, што беше и реалната бројка.

novatvdenes

– Студентите денеска по втор пат демонстрираат против воведувањето на државниот испит во високото образование и според првичните проценки денеска маршираат повторно меѓу 2.000 и 3.000 млади луѓе кои се засегнати од последната реформа на Министерството за образование и наука, пишува „Нова ТВ“.

Во обидот да ја изманипулираат јавноста, опозициските портали овој пат сами се заплеткаа во манипулациите. Во Македонија според податоците има 60.000 студенти и 85.000 средношколци. Со целата логстика на СДСМ која денеска беше ставена нa располагање, од студентите и средношколците излегоа само 2 отсто, односно две до три илјади.