ФОТО: Прославија 80 години брак

Хелен и Морис Кај од гратчето Борнмут, во јужна Англија, прославија 80-години поминати во брак и велат дека тајната на нивниот долг брачен живот лежи во добрината, љубовта и толеранцијата.

Хелен има 101, а Морис 102 години, а се венчале во Лондон на 27 август 1934 година.

Морис на својата љубена и се додворувал четири години, пред таа да се согласи да се омажи за него. Овој брак е склучен и покрај противењето на мајката на Хелен, која сметала дека нема да потрае.

Имаат четири деца, но едниот син им починал кога имал четири години. Хелен и Морис имат шест внуци.