ФОТО: Просториите на нелегалниот мобилен оператор во Белград каде работеле Македонци

Во заедничка акција на македонската и српската полиција откриена е криминална група која во во Белград и Гостивар користела телекомуникациски и компјутерски опреми за пренасочување на меѓународниот телефонски сообраќај користејќи ја „VIOP“ технологијата.

stan-belgrad2-500_thumb_medium380_0

Во Србија уапсен е македонскиот државјанин Л.М. (35), кој неофицијалнo е братучед на еден од уапсените лица во Гостивар. Српската полиција го привела поради сомнение дека е соучесник во извршување на кривичното дело.

Како што вчера информираа од македонското МВР, пронајдени се над 40.000 СИМ картички од мобилни оператори од Србија, Хрватска, Словенија, Албанија и БиХ кои се користени при извршување на кривичното дело.

stan-belgrad-500

Српската полиција, пак, во изнајмен стан во Белград во кој престојувале македонски државјани пронашле четири сервери преку кои била вршена комуникацијата во уредите во Гостивар.

stan-belgrad1500

Министерството за внатрешни работи на Македонија вчера соопшти дека во моментот на претрес во Гостивар опремата била во функција и од истата се вршело незаконито детерминирање на меѓународен телефонски сообраќај кон Србија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.