(ФОТО) Протест на Македонците во Детроит за неменување на името Македонија

Под историското мото „Македонија на Македонците“, здружението МАСА на иселениците од сите делови на Македонија кои живеат во Детроит, организираше собир во неделат од кој повикаа да се сопрат преговорите со Грција за менување на името на земја.

На собирот, покрај Македонци од сите делови на САД и Канада, поддршка за неменување на името дадоа со свое пристуство и Пол Мичел, републикански член на Претставничкиот дом од сојузната држава Мичиген и, како и сенаторот Стивен Биеда.

Собирот во Детроит е еден од низата протесни собири коишто изминатиов период беа организирани од Македонците коишто живеат и работат во европските држави, како и во Австралија, со коишто од актуелните власти во Република Македонија бараат да ги прекинат преговорите со Грција за промена на името.