Балкан

ФОТО: Протести и контра-протести во Атина

ФОТО: Протести и контра-протести во Атина

Околу 7.000 лица се собраа синоќа на митинг во центарот на Атина организиран под мотото „Сакаме да останеме во Европа“, објави Дојче Веле.

Учесниците на собирот побараа од грчката Влада да постигне договор со меѓународните кредитори, со цел Грција да остане дел од еврозоната.

Меѓу останатите, на митингот присуствуваа и неколкумна пратеници и членови и симпатизер на повеќе партии од десниот и левиот центар.

protesti_grcija_da_si_odi

Демонстрантите свиреа со свирчиња со цел, како што рекоа, да ги „разбудат грчките граѓани“ со цел да размислат какви опасности ги чекаат ако Валата не успее да постигне договор со кредиторите и тоа доведе до излез на земјата од евроозната.

Инаку, пред овој собир, во Атина беше одржан и митинг на претставници на левицата на кој беше побарано од Владата да остане на непопустливата линија во преговорите со кредиторите.

protesti_grcija_da_si_odi_2

Голем број Грци се собраа преку социјалните мрежи, со порака да се стави крај на мерките за штедење.

Сепак анкетите покажуваат дека голем број ја поддржуваат европската перспектива на земјата, но сметаат дека тоа членство несмее да ја „понижува“ земјата.

Двата митинзи уследија по завршувањето на средбата на Еврогрупата во Луксембург, на кој не беше постигнат договор во преговорите околу Грција.