ФОТО: Прва алко патрола на РСБСП во рамки на проектот „Вози трезен – стигни жив“

Прва алко патрола на РСБСП во рамки на проектот „Вози трезен – стигни жив“

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во рамките на кампањата за подигнување на свеста за штетните последици од возењето под дејство на алкохол насловена како „Вози трезен – стигни жив“ организира алко патроли чија цел е посета на ноќни клубови низ Републиката и доброволно алкотестирање на присутните гости.

Караванот на РСБСП вчера вечер ја посети Струмица, каде што во ноќниот клуб Платинум организираше алко патрола која што имаше за цел да го утврди количеството на алкохол во крвта на младите струмичани.

Прва алко патрола на РСБСП во рамки на проектот „Вози трезен – стигни жив“
Прва алко патрола на РСБСП во рамки на проектот „Вози трезен – стигни жив“

Сите оние лица кои при тестирањето имаа над 0.5 промили на алкохол во крвта добија симболични црвени картони со совети да не управуваат со моторни возило а притоа им беа поделени бесплатни такси ваучери за нивно безбедно стигнување дома. Лицата кои немаа конзумирано алкохол добиваа зелени картони како знак на пофалба за нивната свест за штетното влијание на алкохолот при упраувањето со моторно возило.

Прва алко патрола на РСБСП во рамки на проектот „Вози трезен – стигни жив“
Прва алко патрола на РСБСП во рамки на проектот „Вози трезен – стигни жив“

Оваа но и следните промотивни акции се реализираат во соработка со Министерството за внатрешни работи чија функција е да ги казнува несовесните возачи, односно возачите кои што управуаат со своето возило а притоа имаат конзумирано алкохол но и оние возачи кои не ги почитуваат и останатите одредби од законот за Безбедност на патниот сообраќај.

Настанот во Струмица е само почеток на една голема акција. Караванот ќе ги посети сите градови на Република Македонија во текот на целото лето. Целта на акцијата е лето без жртви во сообраќајот. Сигурно и безбедно лето. РСБСП ќе советува, ќе ги потсетува младите на нивната одговорност во  дискотеките и кафулињата, односно таму  каде забавата некогаш предолго трае, таму кадешто се прави грешката, додека МВР ќе ги дисциплинира неодговорните и несовесните возачи. Затоа биди совесен возач.