ФОТО: Прва национална изложба на расни кучиња

Во неделата се одржа Првата по ред национална изложба на сите расни кучиња „С.А.С Радовиш 2015“.

kuchinja_3

На изложбата присуствуваа излагачи од државата и странство, а беа пријавени вкупно 124 кучиња и околу 44 различни раси. Излагачите кои беа присутни на оваа национална изложба имаа можност да се стекнат со кандидатура за државен првак на Македонија. На изложбата беа поканети еминентни кинолошки судии од нашата држава и од соседна Република Србија. Расите кои се судеа на изложбата беа поделени во 10 ФЦИ групи. Од секоја ФЦИ група беа прогласени по три победници и на крајот во финалното Best in show беа прогласени трите најубави кучиња на изложбата.

kuchinja_4

Организатор на изложбата беше КД „Фамилијарис“- Радовиш, покровители на настанот градоначалникот и Советот на општина Радовиш и Кинолошки сојуз на Македонија.

kuchinjaaa_1

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.