ФОТО: Првата фотографија од малата Хурем

Четири дена откако Мерјем Узерли, позната како Хурем, ја роди ќерката Лара, фотографија од бебето на својот Фејсбук профил објави добрата пријателка на Мерјем, Селма Ергеч, која на гледачите на серијата „Величествениот“ им е позната како Хатиџе султан.

Инаку за потсетување, малата Лара веќе доби и свој фан клуб на Фејсбук со околу 5.000 следбеници, а по породувањето Мерјем Узерли напиша:

„Добродојде на овој свет, моја најдрага Лара Узерли. Му благодарам на Бога што те прати и што здрава дојде на овој свет. Му благодарам на севишниот што имав сила да те бранам од првиот момент на раѓањето. Овој е најголем подарок.“

Инаку, таткото на Лара е Кан Атеш, кој актерката ја остави кога дозна дека е бремена.