ФОТО: Прво подобрување на секирата во осум илјади години

Пензираниот контролор на летови од Финска, Хеики Карна направи прво подобрување на секирата по цели осум илјади години.

Оваа секира изгледа чудно и може да цепи парче дрво со еден удар.

Таа е со закривена острица, која е дизајнирана така што во моментот на ударот во дрвото, таа моментално застанува.

Корисниците можат да бидат безгрижни кога е во прашање користење на оваа секира за разлика од обичните кај кои повредите се почести, па тука практично е невозможно да се случи повреда.

Карна вели дека за неговиот изум има огромна заинтересираност и покрај високата цена на секирата, од 250 евра.