Магазин

ФОТО: Прво позлатено ламбурџини во Албанија

ФОТО: Прво позлатено ламбурџини во Албанија

Лори Хоџа, наследничката на албанската трипација „Топ-медија“, го покажа нејзиниот последен луксуз – позлатеното „Ламбурџини“.

Таа постираше фотографија на луксузниот автомобил на Инстаграм и напиша: „Ти ја знаеш, јас ја имам“.

Лори Хоџа е ќерка на Дритан Хоџа, е еден од првите основачи на приватен медиум во Албанија. Тој беше претседател на Бордот на компанијата „Топ медија“, во чија сопственост е најмоќната телевизиска куќа во Албанија – „Топ-чанел“, како и основач и сопственик на „Топ Албанија-радио“ и на сателитскиот пакет „Дигиталб“.

Неговите медиуми направија бум во информирањето поради независноста, брзата и точно пренесена информација. Не знаеше да и прогледа низ прсти и на власта за направените грешки, поради што компанијата често беше цел на контроли, а во 2007 доби и казна од неколку милиони евра, која беше поништена по масовно изразеното незадовлство на граѓаните.

На четириесет годишна возраст, во мај 2009 година, Дритан Хоџа загина во сообраќајна несреќа, кога неговото „Ферари“ поради големата брзина излета од патот, удри во дрво и се распарчи на два дела. Семејството наследи огромно богаство. Дритан Хоџа беше син единец, чиј татко починал кога тој бил бебе.