ФОТО: Пуштена во употреба новата пешачка патека во Батинци

Јавното претпријатие за државни патишта денеска ја пушти во употреба втората фаза од пешачката патека во село Батинци во должина од 1.500 и широчина од 1,5 метри на која се поставени 54 канделабри со височина од осум метри и светилки со јачина од 150 волти.

Се протега од крстосницата со патот за Драчево во правец на Марков манастир и чини 11 милиони денари, средства обезбедени од заемот од Светска банка, пренесува МИА.

– На вкупно 3,8 километра во овој дел од градот е изградена пешачка патека од бехатон плочки и е поставено ново осветлување. Со тоа ќе се подобри движењето на граѓаните кое досега беше доста небезбедно, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски по пуштањето во употреба на патеката заедно со градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

koce

Тој посочи дека пред пет месеци во употреба беа пуштени основните 2,3 километра од пешачката патека на овој патен правец на потегот од бензинската пумпа во Батинци во правец кон Марков манастир каде беа поставени 79 канделабри.

Градоначалникот Трајановски му се заблагодари на ЈП за државни патишта за изградбата на пешачката патека  во Батинци каде, како што рече, живее голем број од населението во овој дел од градот.

– Пешачката патека ќе ја зголеми безбедноста на пешаците кои се движат по овој пат како во текот на денот, така и во ноќните часови поради осветлувањето кое што е ставено. Ова е голема инвестиција која сметам дека населението во овој дел од градот ја заслужува, рече Трајановски.

koce3

Со двете последователни фази ЈП за државни патишта во Батинци изгради пешачка патека во вкупна должина од 3,8 километри каде се поставени 133 канделабри. Поставена е и нова сообраќајна сигнализација на овој патен парвец во должина од 10 километри. За таа намена се издвоени 41 милион денари од Буџетот.

ЈП за државни патишта минатата година осветли околу 10,5 километри клучки и патишта ширум Македонија во вредност од околу 44 милиони денари. Оттаму најавуваат дека ваквата активност ќе продолжи и годинава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.