ФОТО: Пуштена во употреба улицата „Приватизација“ број 684/200.000

Со сечење на црна лента „Чуварите на демократијата“ денеска ја пуштија во употреба улицата „Приватизација“ број 684/200.000. Целта е да се потсетат граѓаните и да не заборават на непоправливата штета направена со приватизацијата врз државата од страна на криминалната влада и врхушката на СДСМ, пренесува „Курир“.

tranzicija-500

Како што информираше Виктор Милошовски од „Чуварите на демократијата“, симболиката на улицата „Приватизација“ број 684/200.000 е едноставна: 684 затворени фабрики во времето на СДСМ и отпуштени 200.000 работници.

-Низ улицата се испишани голем дел од фабриките кои ги затворија СДСМ, за да можат да не потсетуваат сите нас за криминалната приватизација на пратениците на СДСМ кои си ги изгласаа законите додека немаа опозиција како ним им одговара, па пото дојдоа на чело на фабриките, ги обезвреднија со огромни долгови и потоа ги купија за симболични цени, со што ги отпуштија вработените и ги интересираше само профитот. Со гласање си го поделија имотот самите себе си, притоа ни малку мислејќи што ќе се случи со 200.000 семејства, истакна Милошовски.

zab-500

Тој како фабрики кои биле дел од лошата транзиција на СДСМ ги наброи Алумина, Цементара, Порцеланка, Мирка Гинова, Кожара, Годел, Астибо, Лозар, Свилара, за кои како што реше  се само дел од фабриките кои биле раскрчмени од СДСМ.

zab-1

-За жал, сега СДСМ повторно сака да и нанесе ненадоместливи штети на Република Македонија, како и во претходните 25 години наназад, при тоа не мислејќи на иднината на нашата држава. Токму затоа нема да дозволиме да се случи тоа. За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ е партија која гради, реформира, реконструира, инвестира, носи странски инвестиции, поими кои на СДСМ не им се познати. Младите луѓе, но и постарите, го гледаат она што сите го знаат. Разликата е во концептите. Разликата е во тоа што се гради и што се остава на граѓаните и за својата држава. На граѓаните им се оставаат спортски сали, игралишта, автопати, патишта, медицинска опрема, реновирани и изградени училишта, компјутери, се воведуваат принципи и правила, се реконструираат студентски домови, се отвораат нови факултети и дисперзирани студии. Токму затоа граѓаните и кажуваат одлучно НЕ на деструктивната и уништувачка политика на СДСМ и Зоран Заев, истакна Милошовски.

Додаде дека оваа улица е симбол за владеењето на СДСМ и истите ликови кои и ден денес се активни во нивните редови.

ФОТО: Курир