ФОТО: Путин – моќен, харизматичен и бесмртен!

Дека Владимир Путин е најмоќен лидер на светот веќе одамна на сите им е добро познато.

Начинот на кој „брише под“ со конкуренцијата, ја освојува планетата и ја докажува моќта на Русија, токму во моментот кога светот ќе се посомнева. Но, Големиот Владимир не само што е харизматичен и моќен, очигледно е и бесмртен!

Неговиот малдешки изглед не е случаен. Сите болести кои досега му ги „дијагностицираа“ воопшто не допреа до него.

Изминативе денови на Интернет кружат фотографии според кои излегува дека или Владимир Путин е постар од 100 години, или она што е поверојатно, станува збор за негови двојници…

Необичната сличност меѓу Путин и двајцата мажи во униформа покренаа бројни теории.

Путин секако не е обичен човек. Ниту кога јава коќ, игра хокеј, демонстрира џудо или „спушта политичари на земја“. А каде се границите на неговата необичност, останува секој слободно да процени.

putin