ФОТО: Путин нареди дел од руската армија да се стави во целосна борбена готовност

Рускиот претседател Владимир Путин нареди да се стават во целосна борбена готовност Северната флота и воздушно-десантни единици и Западниот воен округ, во рамки на проверка, изјави министерот за одбрана Сергеј Шојгу, во Националниот центар за управување со одбрана на Русија.

borbena_gotovnost_ru_2

Во 8 часот по московско време започна проверка на воената готовност на Русија, во која учествуваат 40 илјарди војници, 3360 единици воена техника, 41 воен брод, 15 подморници, 110 авиони и хеликоптери, јави ТАСС.

borbena_gotovnost_ru_3

-Главна цел на проверките е да се утврдат можностите на Северната флота за исполнување на задачите во осигурување на руската воена безбедност на Арктикот, изјави Шојгу.

borbena_gotovnost_ru_1

Инаку, проверката почнува денес, а ќе трае до 21-ви март.

ФОТО: ТАСС