ФОТО: Ракометарите пристигнаа во Данска, пилотот им побара победа над Данците

Членовите на македонската ракометна репрезентација и голем број фанови и новинари ноќеска околу полноќ пристигнаа во Данска каде денеска стартува Европското првенство во ракомет.

rakometari2Поради густата магла на скопскиот аеродром „Александар Велики“ ракометарите вчера беа спречени да полетаат кон Данска, по што мораше со автобус да патуваат до Софија и оттаму да пристигнат на аеродромот „Билунд“.

На крајот од летот, како што е објавено на официјалната интернет страна на капитенот Кирил Лазаров пилотот на авионот им порачал:

„Ние сме Швеѓани и затоа утре победете ги Данците.“

Нашата репрезентација првенството го стартува токму против домаќините вечер со почетокот во 20,30 часот.

rakometari3